Висцерални масти, што се тоа и дали ги имаме?

Секој има некои стомачни масти, дури и луѓето кои имаат рамен стомак.

Тоа е нормално. Но премногу стомачни масти може да влијаат на вашето здравје на начин на кој другите масти тоа не го прават.Може да се зголеми веројатноста за да се добие висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, деменција и одредени видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и рак на дебелото црево.

Со зголемување на дебелината, мастите се налепуваат околу внатрешните органи и околу срцето, вели Керол Shively, д-р, професор по патологија-компаративна медицина на Вејк Форест ,факултетот по медицина.

Колку Стомачни масти имате?

Најпрецизен начин за да се утврди колку висцерални масти(масти што се складираат во внатрешноста на организмот,околу органите) е преку Компјутерска томографија или Магнентна резонанца. Но, има многу поедноставен начин и ниска цена  тоа да се провери.

Земете лента за мерење,опколете ја околу Вашиот стомак и измерете колкава е ширината.За Ваше добро, половината треба да биде помала од 90 цм за жени и помалку од 100 цм за мажи.

Дури и ако сте тенки, се уште може да имате премногу висцерална масти.

Колку висцерални масти имате делумно зависи  од гените но и од вашиот животен стил,особоно колку сте физички активни.Клучот е да бидете активни,без разлика  на дебелината на Вашиот стомак.На тој начин ги намалувате мастите но и обезбедувате превенција за повторно појавување.Исхраната е важна,но активноста уште поважна.

Во  една студија,направена кај луѓето со помала тежина,кои внимавале на исхраната преку некакви диети, но немале физичка активност, покажале повеќе висцерални масти во однос на оние масти кои би ги добиле со нормална исхрана.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e