Ако се обидувате да симнете само неколку килограми вишок и никако не можете да се натерате на диета или посебен режим на вежбање, пристигнуваат добри вести од научните кругови. Имено, според едно ново истражување спроведено на Универзитетот Вагенинген во Холандија, улогата на водата во организмот е клучна за слабеење и таа има големо влијание врз нашето чувство на глад.
Во студијата научниците ги поделиле испитаниците во две групи на кои им давале идентични оброци, со тоа што на првата група веднаш по оброкот им даваледа испијат половина литар вода, додека другите не добивале ништо. Потоа, со магнетна резонанца им го набљудувале мозокот на испитаниците за да го утврдат влијанието на течноста на желудникот и мозокот.
Пиење вода пред или по оброците
И претходните студии го анализирале влијанието на водата врз чувството на глад, па така во една британска студија од 2015 година, луѓето кои околу половина час пред секој оброк пиеле по 4 децилитри до половина литар вода во период од 3 месеци, во просек симнале околу 2.3 килограми без да менуваат нешто во самата исхрана или без да ја зголемуваат физичката активност.
За научниците да го следат нивото на вода кое го конзумирале испитаниците, ја анализирале нивната урина и утврдиле уште една работа – дека оние кои се помалку дехидрирани имаат и помало чувство на глад во текот на денот.
За поврзани вести продолжете надолу