Сите предности на пешачење со „кислород“: Аеробно пешачење

Доколку вашата цел е да ја вратите ставата од тинејџерските години, заборавете да пешачите само до продавница (особено ако сте се упатиле во неа за да си купите сладолед :)) или да се шеткате во паркот со семејството. Секако дека се работи за пријатни активности, но ниедна од нив нема да ве доведе далеку во вашата борба за подобра кондиција. Вам ви е потребно енергично кондиционо пешачење – аеробно пешачење.

Аеробно буквално значи „со кислород“. Ова пешачење доведува белите дробови да земаат повеќе воздух со помалку напор. Нашиот организам ќе добива повеќе кислород со што ќе се забрза метаболизмот и ќе се согоруваат калориите.

pesacenje

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Уште кои бенефити носи аеробното пешачење?

Пешачењето е целосно природна активност. Вашето уживање во него ќе се зголеми со зголемувањето на физичката кондиција.

Ви станува навика. Колку почесто пешачите, толку повеќе ќе сакате таа активност да ви стане дел од вашето секојдневје.

Аеробното пешачење ќе ви ги донесе сите бенефити што би можела да ги стекне вашата кондиција со џогирање, возење велосипед и вежбање аеробик, и тоа без опасност од повреди.

Едноставно е и безбедно. Секој може да пешачи, вклучувајќи ги и луѓето во позрелите години, како и реконвалесцентите (во консултација со својот лекар).

Превенира разни нарушувања на работата на срцето и на циркулацијата, а може да доведе и до намален крвен притисок.

Ќе ви помогне подобро да спиете, ќе ви го намали стресот, нервната напнатост, депресијата…

Го подобрува држењето на телото и ги намалува болките во ’рбетот.

Не бара никаква посебна опрема.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e