Сакате долг живот и младешки изглед? Еве до кои совети треба да се придржувате!

Долговечност и младешки изглед нема да постигнете пиејќи чудотворен еликсир на младоста, затоа што, колку што е познато, досега се уште не е откриен, но разни болести на циркулаторниот систем, дијабетес и тумори, го забрзуваат процесот на стареење и се причина за прерана смртност, па ако сакате да се борите против староста, најдобро е да почнете со превенција и со активен живот.

happiness is all around

Неактивноста и губењето на мускулната маса го забрзуваат процесот на стареење. Намалувањето на мускулната маса и на квалитетот на мускулите е прв сигнал за стареење. Процесот на стареење можете да го забавите такашто доволно ќе се движите и ќе ги одржувате активни сите мускули на телото.

Cheerful mature female with hand on chin

Друга работа која се почесто се спомнува е оралната хигиена. Многумина се уште не користат секојдневно течности за испирање на устата и забен конец. Забниот конец ги отстранува бактериите кои предизвикуваат парадентоза и кариес. Овие бактерии не предизвикуваат проблеми само во усната празнина. Тие можат да влезат во крвотокот, да предизвикаат воспаление и на тој начин да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести, кои се водечки причинители на прераната смртност.

Young attractive woman laying out on a beach

Исхрана во боите на виножитото е трет совет кој се препорачува за младоликост. Колку поразновидно се храните, тоа вашето тело ќе биде поснабдено со потребните нутриенти. Постои теорија според која човечката ДНК кога ќе се дуплира, е заштитена од оштетувања со теломери. Теломери се нуклеопротеински структури на завршетоците од хромозомите, битни за стабилност на геномите. Како што старееме, теломерите почнуваат да пукаат, и еднаш кога се целосно искинати, хромозомите и ДНК повеќе не се заштитени и клетките изумираат, што доведува до смрт. Воспаленијата и оксидацијата на клетките го забрзуваат пукањето на теломерите, па заради тоа храната богата со противвоспалителни состојки како на пример, лук, боровница, лути пиперчиња, цреши, рибино масло, зеленчук и јаткасти плодови се ваш сојузник во борбата против стареењето.

5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e