Сакате да намалите 10 сантиметри во половината за само 4 дена? Еве го рецептот!

Доколку сакате да го намалите обемот на половината за брзо време, тука е рецептот од нутриционистката Синтија Сас. Намалува 10 сантиметри за само четири дена.

Оваа нутриционистка тврди дека доколку пиете „саси“ вода можете да имате рамен стомак и половина кои навистина ќе бидат помали за десет сантиметри. Напитокот го пробала и креирала сама. Покрај естетските ефекти таа тврди дека напитокот освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста и го средува варењето. Притоа, навистина е нискокалоричен.

Без грижа, сите состојки во него се природни и здрави.

Потребно ви е:

2 литри вода, 1 лажица изрендан ѓумбир, 1 свежа краставица, 1 лимон со средна големина, 12 листови нане.

Подготовка:

Краставицата и лимонот исецкајте ги на тенки кришки, па ставете ги во водата со останатите состојки, Промешајте и оставете во фрижидер преку ноќ. Наутро процедете. Пијте го напитокот 4 дена, а во тие четири дена избегнувајте слатки и нездрава храна, како и газирана вода. Не заборавајте на лесната физичка активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e