Овие намирници прават да чуствувате глад

За брзата храна веќе знаете – брзо согорува, не содржи многу корисни состојки, и за брзо време откако ќе ја изедете повторно чуствувате глад.

Но, дали сте знаеле дека и овие намирници прават да се чуствувате уште погладно откако ќе ги изедете?

Бел леб

Го покачува нивото на инсулин во крвта, а и конзумирањето на повеќе од две парчиња бел леб на ден го зголемува ризикот од дебелеење.

Бели тестенини

Освен што го имаат истиот ефект како и белиот леб, можеме да ги изедеме во поголеми количини, што е уште полошо.

Сирење

Кога јадете сирење се активираат опиоидните и допаминските рецептори, што е исто како и конзумирањето на дрога, и телото постојано бара повеќе.

Суши

Белиот ориз во сушито содржи јаглени хидрати кои многу брзо се претвораат во шеќер, што ве прави погладни.

Овошен јогурт

Премногу шеќери, а премалку калциум. Наместо тоа одберете обичен јогурт и додајте овошје.

Житарици

Исто така преполни со јаглени хидрати, а ефектот веќе го знаете. Наместо тоа одберете јаткасти плодови и суво грозје.

Солени грицки

Повторно, јаглени хидрати кои брзо се претвораат во шеќер. Затоа по јадењето на овие грицки обично имате потреба од нешто благо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e