Напиток кој ја крие тајната на здравиот и младешки изглед

Една чаша од овој напиток потсетува на вода од бара, но се чини дека токму водата од хлорофил е нов чудотворен напиток, тврдат научниците, додека познатите веќе редовно го консумираат ова зелено чудo.

Хлорофилот е темно зелен пигмент кој се наоѓа во билките и алгите. Тој им ја дава препознатливата зелена боја. Важен е за процесот на фотосинтеза, во текот на кој билките ја претвораат сончевата светлина во енергија која може да се користи.

Хлорофилот има слична молекуларна структура како и хемоглобинот, супстанца која чини крвта да има црвена боја и која е одговорна за преносот на кислородот во телото. Со консумирање на хлорофил разреден со вода во организмот може да се подобри преносот на кислород и како резултат на тоа ќе имате повеќе енергија и подобра општа здравствена состојба.

Научниците исто така тврдат дека хлорофилот е моќен антиоксиданс кој може да заштити од карцином, има антисептичко и против воспалително делување, помага во регулирањето на варењето и претставува одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини.

Експертот за здравје, Џејмс Диган, помеѓу чии клиенти се наоѓаат и Роузи Хантингтон-Вајтли и Ел Мекфирсон, се колне во хлорофилот.

„Користиме капки хлорофил во вода со цел телото да го одржуваме алкално. Исхраната која е богата со нездрави намирници ја пореметува pH рамнотежата во телото, правејќи го кисело, што може да доведе до несоница и дебелеење. Исто така откривме и дека со намалувањето на киселоста се намалуваат и воспаленијата и тоа прави да се чувствуваме поздраво и поенергично“.

Хлорофилот во изобилие се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, затоа таквите намирници би требало во поголема мера да ги вклучуваме во исхраната или да користиме неколку капки хлорофил во чаша вода, два пати дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e