Лековит напиток со кој ќе ги исчистите артериите, ќе го намалите холестеролот и ќе го зајакнете имунитетот

Направете домашен напиток кој го регулира нивото на масти во крвта и го зајакнува имунитетот…

Најзначајниот ефект на овој домашен напиток е регулирањето на нивото на масти во крвта. Покрај тоа, со консумирањето на напитокот ќе го зајакнете имунитетот и ќе му помогнете на организмот да ги елминира слободните радикали.

Еве што ви е потребно за подготовка на овој лековит домашен препарат:

– 4 главици лук (околу 40 чешниња)

– 4 лимони

– 3-4 см корен од ѓумбир или 2 лажици ѓумбир во прав

– 2 литри вода

Лимонот добро измијте го и исецкајте го на ситни парчиња. Чешнињата лук исчистете ги и испасирајте ги во блендер заедно со ѓумбирот и лимонот. Ставете ја мешавината во сад со вода на оган и варете додека не почне да врие.

Потоа тргнете го садот од огнот и оставете ја смесата да се олади. Процедете го напитокот и ставете го во стаклени шишиња.

Консумирајте по 3 децилитри од овој освежителен напиток еднаш дневно, барем два часа пред ручекот, на празен стомак. Пијте го напитокот три недели, а потоа направете пауза од една недела.

Пред употребата на природни лекови, особено доколку вашето здравје е нарушено, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Извор: денар.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e