Лани: Секој втор Македонец умрел од срце

Секој втор смртен случај лани бил поради срцеви заболувања. Околу 12.000 Македонци умреле од болести на циркулаторниот систем. Од срце повеќе страда женската популација. Во 2015 година починале над 6.200 жени и 5.700 мажи. Статистиката покажува дека изминатите години има постојан тренд на морталитетот. Смртноста е значително поголема кај лицата над 65-годишна возраст.  Лекарите велат дека 80 проценти од срцевите заболувања можат да бидат спречени. Услов за тоа е превенција на факторите на ризик.

На денешниот светски ден на срцето, претставници од Инситутот за јавно здравје трчаа и вежбаа со ученици покажувајќи што значи здрав живот. Но ова е само за еден ден. Резултатите од систематските прегледи покажуваат дека секој трет основец е со зголемена телесна тежина, еден од  факторите на ризик на срцеви заболувања.

Во светски рамки, секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година се очекува дека 23,6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e