Како да направите домашен грчки јогурт (Рецепт)

Овој јогурт е меѓу еден од најценетите и многу здрави намирници а и содржи многу повеќе протеини отколку стандардните јогурти.

Грчкиот јогурт може да го додадете во различни јадења, збогатувајки ги со овошје или да го конзумирате само него.

Ви го претставуваме оригиналниот рецепт кој може да го направите во вашата кујна. Не би поверувале, но можете да го направите многу лесно.

Како да се направи грчки јогурт

Треба 1 литар јогурт со полни масти (3,2% масти).

Земете голем сад, и на него ставете голема цедилка. Преку цедилката поставете дебела газа .

Во него сипете јогурт, покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се исцеди преку ноќ, но не повеќе од 8 до 10 часа.

Јогуртот, кој ви останал во газата е домашен грчки јогурт, а останатото може да го пиете како освежителен и многу здрав напиток.

Верзија 2

Грчки јогурт може да се направи и на малку поинаков начин. За 1 чаша јогурт, треба 2 чаши масно млеко и 2 до 3 лажици обичен јогурт (на собна температура) и се разбира, газа.

Млекото загрејте го на средна топлина додека не достигне 80C.

Тргнете го, ставете го во стаклена тегла и оставете да се излади на температура од 40 степени.

Сега мешајте го обичниот јогурт.

Теглата покријте ја со крпа и оставете ја на топло место во текот на ноќта (8-10 часа).

Сега оваа смеса ја цедите како и во претходниот рецепт, но ќе ви бидат доволни 4-6 часа.

Ваков јогурт може да трае до 7 дена во фрижидер.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e