Исфрлете го стресот за 1 минута!

Стресот е дел од животот. Ако забележите дека сте веќе на почетокот на денот, уморни, нервозни, тоа значи дека вашиот мозок е “окупиран” со негативни мисли. Стресот останува во нашата меморија и постојано се повторува. Нашиот мозок обработува во текот на денот 40-60.000 мисли, и повеќето од нив се вртат околу грижите за она што се случило, што се случува моментално или работи кои допрва треба да се случат.

Но, тука постои техника која за само една минута може да го реши проблемот! Благодарение на еден едноставен трик, стресот може да биде историја, и вашиот ум да стане јасен и позитивен. Тоа е техника со која се фокусира мозокот на други ситуации и му дава наредба да заборави на стресот и  на стресните повторувачки мисли.

Оваа техника може да се користи насекаде, и ќе ви помогне да ги контролирате вашите мисли и  да ја “испразните” главата:

1. Затворете ги очите и  фокусирајте се  на звуците околу вас. Бебе кое плаче, луѓе на улица, колеги кои пишуваат на тастатурата, компјутери, сообраќај …

2. Земете длабок здив, а потоа издишете,сконцентрирајте се.

3.Продолжете со длабоко дишење, пет пати едно по друго  и максимално фокусирајте се  на ова.

4. За време на дишењето, слушајте го влегувањето на воздухот во телото, преку носот до белите дробови  и почувствувајте како се полнат со воздух, и како воздухот излегува од вашето тело за време на издишувањето. Обидете се да  почувствувате каков е воздухот што излегува – топол  или ладен.

5. Со помош на сетилото за слух, вашиот мозок за еден миг ќе ги запре повторувачките негативни мисли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e