Грипот во Македонија зема замав – епидемиолозите апелираат да не се земаат антибиотици на своја рака

Бројот на заболени од грип во овој период е значително голем.

– Имаме зголемен број на пациенти што е карактеристично за овој период од годината. Најчесто предизвикувачот на инфекции на горните дишни патишта во 90 отсто е вирус и станува збор за обични настинки предизвикани од риновирус, аденовируси. Инфлуенцата како тип на вирус доаѓа дури четврта по ред, а за кој тип на вирус се работи се докажува само лабораториски, истакнуваат епидемиолозите.

Тие апелираат до пациентите да не земаат антибиотици на своја рака.

– Ние како лекари сакаме да ја покренеме здравствената култура на нашите граѓани и да им докажеме на пациентите дека за вирусите се зема само симптоматска терапија, а не антбиотици кои не делуваат на вирусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e