Грипот коси, „тамифлу“ нема ни за лек

Во сезона на грип болниците и аптеките останале без најважниот антивирусен лек „тамифлу“, неофицијално дознава Плусинфо. Откако Министерството за здравство сфатило дека лекот го нема ниту на Инфективната клиника, веднаш дало налог да се направат мали набавки до 500 евра без да се распишува тендер.

Од Министерството за здравство нема одговор на прашањето, како се дозволило во сезона на грип да нема „тамифлу“ и дали ќе се набавуваат и поголеми количини или ќе се остане на малите набавки.

Како што раскажуваат пациентите, минатата недела „тамифлу“ немало ниту во аптеките, за да може да си го купат. Во меѓувреме, бројот на болни од грип постојано расте, речиси и да нема семејство во кое нема болен.

текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ