Есенска детоксикација: зошто и како?

Детоксикацијата е прочистување на организмот со консумација на голем број течности, од кои најмногу вода. Најчесто детоксикацијата се спроведува во пролетниот и есенскиот период, во која може да се искористат и неколку вида на овошје и зеленчук, а примарната цел на се’ тоа е да се исфрлат отровите од телото и тоа да го подобри начинот на функционирање.

Но, зошто детоксикација во есенскиот период? Кои се причините поради кои таа треба да се спроведе во ова време во годината и какако тоа определува поголемо количество здравје за самите нас?

Процесот на детоксикација на организмот во есен практично значи и подготвување за истиот, односно зацврстување на имунолошкиот систем и зголемување на енергијата после долгите сончеви денови и постепеното менување на временските прилики. Кога станува збор за есенската детоксикација, таа треба повеќе да биде насочена кон тоа да внесеме извесни подобрувања во секојдневниот начин на живот со чаеви и здрава храна.

Во овој вид на детоксикација ќе бидете потпомогнати од голем број на есенски хранливи продукти, кои се дополнителен плус за нејзиниот успех. Вашата детоксикација всушност може да биде една интересна игра во која ќе експериментирате со хранливите продукти кои ги имате пред вас, а и ќе подготвите прекрасни оброци.Исто така, треба да останете будни во однос на непотребните материи кои не смеете да ги внесувате како на пример млечните производи, индустрискиот шеќер, потоа производите со конзерванси и млечни продукти.

Искористете ги разните видови на есенски диети со есенски продукти, и покрај големото внесување на течности, не ја заборавајте и физичката активност како еден од важните предуслови за дополнителни ефекти. Физичката активност впрочем е едно дополнување на грижата за себе која ќе си ја пружите во овој период во годината, па така несомнено ќе се почувствувате здраво и негувано, што подоцна ќе ве подготви за долгиот циклус празници.

Во продуктите кои се пожелни за есенската детоксикација ве потсетуваме дека можете да го вметнете лимонот и чајот од магдонос, како едни од најмоќните алатки за детоксикација. Лимонот консумирајте го секое утро, односно неколку капки лимон во една чаша вода, додека чајот од магданос ќе ве поттикне на исфрлање на штетните материи од телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e