5 диети за кои сите зборуваат оваа година, а не функционираат…

Оваа година бевме сведоци на некои прилично луди диети, но ако сакате да ги имате оние популарни „пред и потоа“ фотографии, едно нешто е сигурно – овие диети нема да ви помогнат во тоа, без разлика колку секси славни личности ве убедуваат во спротивното.

Диета со детска храна

Храната за бебиња во основа е пире направено од овошје, зеленчук или месо и затоа нема вистинска причина која би укажала на тоа дека јадењето храна за бебиња може да ви помогне да ги изгубите килограмите.

Освен тоа, кога цврстата храна ќе ја претвориме во течност, телото не може да ги регистрира сите сигнали дека сме сити. Поради тоа можеме и понатаму да чувствуваме глад иако сме конзумирале поголем број на калории.

Воена диета

Во рамките на овој начин на исхрана следите диета со многу ограничен број на калории која дозволува случаен избор на намирници како што се хот дог и сирење во период од три дена. Потоа, наредните четири дена можете да јадете што сакате. Меѓутоа, оваа диета нема никаков медицински ниту научен кредибилитет.

Глина диета

По неа полудеа многу холивудски ѕвезди кои веруваат дека пиењето вода со измешана глина во неа го чисти организмот од токсини и глад. Од друга страна, експертите тврдат дека оваа диета е потенцијално опасна бидејќи секојдневното конзумирање на глина може да ги оштети нашите црева и да доведе до недостаток на важни хранливи материи во организмот бидејќи глината ги извлекува од телото и така ја спречува нивната апсорпција.

Нашето тело е создадено на тој начин што самото може да се ослободува од штетните материи преку црниот дроб и бубрезите, а нашата единствена задача е здраво да се храниме и така на овие органи да им ги дадеме потребните хранливи материи за да си ја вршат својата работа.

Воздушна диета

Можеби звучи крајно чудно, но оваа диета бара да ставаме празна вилушка во устата и да се преправаме дека јадеме храна богата со калории. Но, тоа не е се` – оваа диета промовира пореметувања во исхраната благодарение на драстичното намалување на калориите кои ги внесуваме во организмот, го забавува метаболизмот и ги распаѓа мускулите.

Меѓутоа, најлошото од се` е тоа што со оваа диета ја зголемуваме отпорноста на лептин и на тој начин телото не може да знае кога сме сити кога повторно ќе почнеме да јадеме „вистинска“ храна.

Алкална диета

Оваа диета ги предупредува луѓето да се држат настрана од киселите намирници како што се месото, рибата, млечните производи, преработената храна и алкохолот. Заговорниците на овој начин на исхрана тврдат дека киселите намирници прават да бидеме побавни, ги уништуваат коските и го ослабнуваат имунитетот. Идејата е да ги конзумираме алкалните намирници (овошје, зеленчук и производи од цели зрна житарки) бидејќи тие ја прават внатрешноста на телото алкална. Во ваква средина, судејќи според нив, клетките на рак и мастите не можат да опстојат.

Меѓутоа, експертите сметаат дека се работи за целосна измислица бидејќи диетата не е базирана на научни тврдења и додаваат дека нашето тело на природен начин го регулира pH нивото на крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e