Зошто е добро да се учат странски јазици?

Учењето на странски јазици влијае на нивото на самодоверба и ја поттикнува желбата на децата да учат што повеќе. Стручњаците сепак советуваат дека со сериозни лекции не треба да се почнува прерано.

Побрзо решавање на проблеми, поголема креативност, развивање на критичко мислење, зајакнување на меморијата, завидна социјална интелигенција се „последици“ на рано учење на странски јазик.

Студиите покажуваат дека тоа доведува до бројни резултати во училиште. Стручњаците велат дека мозокот на тој начин поинтензивно се развива, и повеќе се вежба.

Добро е да се почека за третиот роденден, бидејќи до тогаш децата го усвојуваат мајчиниот јазик а и ментално и емотивно се подготвени на период на социјализација.

До таа возраст, добро е на детето да му пеете и пуштате песни на странски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e