YouTube TV веќе е реалност

Компанијата во сопственост на „Google“ ја објави новата услуга за стриминг на телевизиски канали.

Пакетот чини 35 долари месечно и засега е достапен само во Њујорк, Лос Анџелес, крајбрежјето на Сан Франциско, Чикаго и Филаделфија. Компанијата ќе додаде и уште градови кон своето портфолио во блиска иднина, пренесува „CNN“.

Услугата е наменета за оние кои не сакаат да плаќаат за традиционалните кабелски пакети. Предлогот на „YouTube“ е два пати поевтин од просекот на кабелска телевизија во САД, а освен тоа може да биде прекинат од страна на корисникот во секое време.

Пакетот на „YouTube“ ги вклучува каналите на „Bravo“, „FX“, „ESPN“ и „Fox Sports“. Корисниците ќе имаат пристап и до ексклузивни емисии и филмови преку „YouTube Red“ – ослободениот од реклами канал на компанијата.

Од „Google“ велат дека наскоро во пакетот ќе се приклучат и „AMC“, „BBC America“, „IFC“, „Sundance TV“, „WE tv“ и „BBC World News“.

Американските клиенти на услугата ќе можат да гледаат емисии на сите уреди, а пакетот вклучува и облак простор без лимит на меморијата, кон што одат шест акаунти.

YouTube TV“ ќе се натпреварува со други стриминг услуги како „Sling TV“ и „DirectTV Now“, сопственост на телекомуникацискиот гигант „AT & T“.

Претходно оваа година извршниот директор на „YouTube“, Сузан Војчички посочи дека секој ден корисниците во светот трошат 1 милијарда часа на „YouTube“. Според неа, новата генерација не гледа телевизија на традиционалните канали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e