Со Wizz Air за само 180 денари во еден правец. Еве каде…

Нова линија од Софија до Братислава за само 2,99 евра најави нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air. Првиот лет ќе биде на 30 јуни а ќе може да се лета четири пати неделно, во понеделник, среда, петок и недела.

Цената на билетот е во еден правец со вклучени сите даноци и задолжителни такси.

„Oваа цена нема да важи само за линијата до Братислава, а ќе се применува до неколку линии од Софија“, објави Тамара Валонија, директор за комуникации на компанијата додавајќи дека местата се достапни од денеска и можат да бидат резервирани на сајтот на авиопревозникот.

Исто така, компанијата пушти и линија во внатрешноста на Бугарија, односно Софија-Варна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e