Во Загреб отворено првото кафуле во светот со бесплатно читање на електронски книги

Во Загреб е отворено првото кафуле во светот, во кое посетителите ќе можат бесплатно да користат виртуелна библиотека со 100.000 книги на неколку јазици.

Она што посетителот во кафулето „Велвет“ треба да го направи е само да порача кафе или некоја сладок десерт и ќе може да ужива во своите сакани книги.

 Предложените електронски книги се од познати светски издавачки куќи и секоја недела нивниот број ќе се зголемува. Таму ќе може да се најде литература од секаков вид – фантастика, класика, поезија, патописи, спортска литература, научни трудови, па дури и книги за готвење.

Идејата е донесена во Хрватска од Мирела Рончевиќ, која има хрватско потекло а живее во Њујорк.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e