Во Ровињ уловена риба тешка 340 килограми

Во водите на Јадранското море, во близина на Ровињ, рибарите уловија туна од видот „блуефин“ тешка рекордни 340 килограми.

Туната е долга три метри, а рибарите ја уловиле на 10 наутички милји од брегот. Целата „акција“ на ловење на џиновската туна траела скоро три часа, пренесуваат хрватските медиуми. Според рибарите станува збор за досега најголемата риба уловена во хрватскиот дел од Јадранот.

Рибата ја уловиле рибарите од тимот на бродот „ Abyš Fishing Ćarter“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e