Во Осло е отворено првото кино за кучиња

Директорката на киното Рингер, Марина Зек, потврдила за локалните медиуми дека започнала со работа првата кино сала во која публиката ја сочинуваат кучиња.

Во Осло веќе има кино за бебиња, кино за постари лица, како и кино за оние кои сакаат да танцуваат додека гледаат филм. На отворањето на новото кино половина од посетителите биле кучиња кои повремено лаеле додека го гледале филмот.

Во ова несекојдневно кино биле обезбедени и специјални грицки и пуканки. Светалата биле затемнети, а јачината на звукот била нам,алена , за да се заштити слухот на животните. Во салата се поставени кожени седишта, бидејќи тие, како што велат вработените, полесно се чистат.

Првиот филм што бил прикажан во ова специјализирано кино бил „Срцето на кучето“ на режисерот Лори Андерсон.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e