(ВИДЕО) Средношколки крвнички се тепаат за момче

Прекршочни пријави за двете средношколки од Сплит кои крвнички се тепаа во близина на Полициската управа.

Снимката од тепачката на двете тинејџерки , додека стотина нивни врсници навиваат како на натпревар ги урна социјалните мрежи во Хрватска.

Бруталната тепачка ги дигна на нозе родителите и педагозите не само во Сплит .

Денеска двете девојчиња во придружба на родителите даваа исказ во полициската станица во Сплит .

Иако тепачката се случила во близина на полициската управа на Сплит , додека пристигнала патролата , веќе десетиците ученици кои навивале и снимале со мобилни , биле разотидени .

Полицијата не можела да ги дознае имињата на девојките кои се тепале од неколкјуте сведоци , туку ги симнале видеата од социјалните мрежи и на тој начин го дознале нивниот идентитет .

Не се знае што било причина за ваквата крвничка тепачка , мо како што јавуваат медиумите ,станува збор за тепачка поради момче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e