(ВИДЕО) Реакција на Путин која ќе ве насмее: Министерот се избламирал, а рускиот претседател не можел да се воздржи

Рускиот претседател Владимир Путин е хит на социјалните мрежи со својата реакција на изјавата на министерот Александар Ткачов.

Имено на состанокот во Воронјеж, министерот за земјоделство Ткачов зборувал за тоа како Германија на годишно ниво извезува три милиони тони свинско месо.

– Годишно извезуваат три милиони тони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија – рекол Ткачов.

На тоа реагирал претседателот на Русија:

– Но, Индонезија е муслиманска земја, таму свинското не е дозволено – рекол Путин и почнал да се смее.

Министерот за земјоделство се поправил и рекол дека мислел на Јужна Кореја и продолжил да зборува, а потоа повторно предизивкал смеа во салата.

“Која е разликата”, прашал министерот, мислејќи на разликата меѓу Индонезија и Јужна Корека, а потоа уследила урнебесната реакција на Путин која го заплила интернетот, како и громогласното смеење во салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e