(ВИДЕО) На излез од Скопје – лизгав автопат и брзо возење

Деновиве, поради обилниот снег и ниските температури, сите апелираат да се внимава при возењето, но не секој учесник во сообраќајот сериозно го сфаќа ова предупредување.

Ако знаеме дека надлежните не си ја вршат работата професионално, односно меѓународните патни правци и автопатите не се чистат како што треба, тогаш на нас возачите ништо друго не ни останува освен да внимаваме како возиме.

Ова видео е направено утрово, на излез од Скопје. Снимен е моментот кога патничко возило Рено Меган се изврте на патот но за среќа немаше посериозни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e