(ВИДЕО) Филмови во кои актерите навистина имаат секс

Знаеме дека актерите имаат своја замена и двојници кои одредени сцени ги глумат наместо нив, но некои пак решаваат сами докрај да ги снимат своите сцени. Дури и секс сцените.

Неколку филмови каде актерите имаат вистински секс:

1. „Shortbus“

Оваа комедија е позната како една од најдобрите во својот жанр со добра причина. Поголемиот дел од сцените се реални. Актерката Сук-Јин-Ли за малку ќе била и отпуштена од радиото каде работела претходно заради сцените.

2. „9 Songs“

Ако сте во потрага по секс сцени и хипстерско однесување, овој филм дефинитивно ќе ви се допадне. Парот во филмот одат на концерти на бендови како „The Dandy Warhols“ и сексот е реален.

3. „The Brown Bunny“

Актерите Винсент Гало и Клои Севињи тука навистина имаат орален секс.

4. „The Idiots“

Кога е сниман овој филм, режисерот Ларс Фон Трир сакал неговите филмови да ги направи што е можно пореални, па и секс сцените не отстапувале од ова правило. Неколку парови во овој филм, навистина имаат секс.

5. „Cruising“

Оригиналниот филм вклучувал реална секс сцена помеѓу двајца хомосексуалци, но сцената подоцна е речиси комплетно скратена и можете да видите само мал дел од неа.

6. „Intimacy“

Британски филм за маж кој се заљубува во жена која има секс без обврски и сака да остане со неа, а подоцна сфаќа дека таа е во брак и нема намера да го остави сопругот. Инаку, сите секс сцени меѓи актерите се реални.

7. „Lie With Me“

Инди драма каде актерите Арик Балфур и Лорен Ли Смит сами ги снимаат секс сцените.

8. „Antichrist“

Уште еден филм на Ларс Фон Трир со реални секс сцени. Никогаш не е потврдено дали Вилијам Дефо и Шарлот Генсбур сами ги снимале секс сцените или имале двојници, ама сцените дефинитивно се реални.

9. „Don’t Look Now“

Актерите Џули Кристи и Доналд Сатерленд во овој филм снимиле реални секс сцени.

10.  „Nymphomaniac“

Уште еден филм, дело на Ларс Фон Трир. Актерите Шарлот Генсбур, Стелан Скарсгард, Шаја Лебаф, Ума Турман и Вилијам Дефо ги покажуваат своите гениталии, потоа двојници снимаат реални секс сцени и на крај, додадени се гениталиите на актерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e