(ВИДЕО) Белгиска компанија произведе микро хидроцентрали кои можете и сами да ги инсталирате

Белгиската компанија „Турбулент“ произведе мала турбина која може да се користи за децентрализирано производство на електрична енергија за сопствени потреби, или за потребите на помали села или населби.

Технологијата може да снабди до 60 домаќинства со електрична енергија, а за да почне да произведува струја потребен и е било каков воден тек (река, брзак, водопад). Турбината се поставува веднаш до коритото на водната површина, а околу неа се прави бетонско корито преку кое се насочува дел од водата.

Турбината креира природен брзак кој не е опасен по живиот свет во водите, а има и заштитна технологија против оштетување од камења и песок.

Истата може да произведе од 5 до 100 киловати енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e