(ВИДЕО) 2-годишното близначе кое го спаси своето братче!

Браќата треба да се чуваат едни со други, а токму тоа го направи малиот Броди Шоф од Јута кога го спаси своето братче Брок од полицата која падна врз него!

И другпат сме слушале за натчовечката сила која некој ја добива во опасни ситуации од кои зависи нечиј живот, но не верувавме дека 2-годишно дете може да го направи ова!

Таткото на малите близначиња, Рики Шоф, го објави видеото под кое напиша: “Се двоумев дали да го објавам ова бидејќи знаев дека ќе бидам осудуван за невнимание. Токму затоа и го објавувам – немојте и вие да ја направите истата грешка и погрижете се кога имате мали дечиња сите полици да бидат обезбедени и прицврстени за ѕидот. Благодарен сум за неверојатната врска што ја имаат моите близначиња.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e