Титаник не потонал поради санта мраз!

Повеќе од 100 години се веруваше дека причината за потонувањето на легендарниот брод Титаник е удар во санта мраз. Сега, новиот документарец “Титаник: Нови Докази” ни открива нова теорија!

Според новите докази што ги пронашол новинарот Шенан Молони, причината за потонувањето на Титаник е пожар! Молони додека ги проучувал фотографиите од Титаник пред бродот да го напушти пристаништето во Белфаст, открил црни траги од пожар кои најверојатно поминале незабележани.

Експертите потврдиле дека ваквите траги покажуваат дека имало пожар во собата со бојлерите, што ја ослабнало конструкцијата на Титаник, а сантата мраз удрила токму таму!

Молони вели: “Ова не е обична приказна за брод кој удрил во санта мраз и потонал. Тука се работи за збир на необични фактори кои довеле до една од најголемите трагедии во историјата – оган, мраз и човечка небрежност. Ова целосно го менува заклучокот од официјалната истрага која била спроведена – дека потонувањето на Титаник било дело на виша сила!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e