Солун е наш! Македонци масовно купуваат станови во Солун за по 10.000 евра!

Грција се наоѓа во сериозна криза. Доказ за тоа се и евтините станови кои се продаваат во најголемите нејзини градови. Еден таков случај е и Солун каде што за само 10.000 евра може да се пронајде добар стан во самиот центар на градот.
Цената по метар квадратен е навистина багателна кога ќе се спореди со истата во Скопје. Во Скопје станови се купуваат за 1100-1200 евра по метар квадратен, додека во Солун за истиот метар квадратен се плаќа од 200 до 600 евра. 200 евра се најчесто становите на приземје, додека пак до 600 достигигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките станови.
Дали можете да верувате дека еден просечен стан во Скопје чини 70.000 евра, а во Грција, на самото море може да купите по 3 стана од по 40 квадрати?
Како што истражува нашата редакција, голем е бројот на Македонци кои тргнаа во овој поход. До становите кои се на продажба е многу лесно да се дојде бидејќи од ден да ден се зголемуваат бројот на огласи чија цел на продажба е стан. Цените за кои се продаваат становите е смешна, до 10.000 евра.
Поединечни случаеви дури продаваат недвижнини во Македонија, за да си купат стан во Солун или во некое туристичко место на Халкидики бидејќи таму, само од издавање на апартманот за неколку месеци може да се заработи и до 4000 евра по сезона. Становите во Солун се издаваат за 200 евра месечно.
Може да се купи преефтин стан од 60 квадрати за само 20.000 евра, но за негово реновирање треба да се вложи 15.000 евра. 
Станови и куќи во Солун, но и во останатите места од Грција купуваат и оние кои размислуваат да ги издаваат и да прават пари од тоа, но и такви кои сакаат летото да го поминат на ова убаво место. Така, едно семејство од Македонија успеа да купи стан од 50 квадрати во Аспровалта за само 45.000 евра!
“Се се завршува преку агенција, адвокат и нотар. Ние од тука понесовме освен пари, извод од матична книга на родени, потврда дека сме вработени и извештај за три последни плати“, – велат тие. 
Дополните трошоци за купопродажба изнесуваат 13 проценти од вредноста на станот, а нов сопственик може да станете за помалку од 2 месеци.
КОИ СЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТАН ВО ГРЦИЈА?
Еве се пресметките за еден стан од 40 квадрати. Цена: 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост: 900 евра (3%); Нотар: 900 евра (3-4%);Впишување: 180 евра (0,4%); Преведувач: 100 евра; Адвокат: 500 евра;Агенција: 1.200 евра; Приклучок за вода и струја: 250 евра; Годишен порез: 120 евра. Вкупни трошоци: 4.030 евра!
Веста е превземена од vrabotuvanje.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e