Синергија на забава и култура на Златни денови Кратово 2017

Од 2014 година градот на кулите и мостови е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура. Веќе четврта година по ред Кратово успева да се воспостави како еден од најпознатите градови каде што постои совршена синергија на забава, култура и историја.

Како и претходните години, така и оваа, градот овозможува содржини за сите генерации и вкусови. Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да е исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.

Во петок, 30.06.2017, ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, за веднаш по нив збавата продолжи со најголемите балкански кафански песни за душа. Во овој дел од програмата духот на меаните ќе го пренесат групата Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска и балканскиот боем Драган Којиќ Кеба. После кафанската атмосфера шаренилото на вечерта ќе го збогати нашата овогодишна преставничка на Евросонгот, Јана Бурческа, а за крај на првата вечер на сцената ќе експлодира идолот на младата генерација Слаткар со хит проектот Слаткаристика.

Во сабота, 01.07.2017, звуците на кулите и мостовите ќе ги красат Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт, а ѕвезда на вечерта и на фестивалот ќе биде нашата најголема музичка ‘‘ДОНА‘‘, балканската ѕвезда, Калиопи. За вистинска саботна треска ќе се погрижат новосаѓаните ,Tribute to Бјело Дугме кои заедно со Кратово ќе ги пеат најголемите хитови на легендарните ‘‘копчиња‘‘. После настаните на главната сцена забавата ќе продолжи во базен дискотеката во Кратово каде познати ди-џеи ќе се погрижат за еуфорично продолжување на фестивалските ноќи.

Во недела, 02.07.2017, традиционално на платото пред Музејот во Кратово, предвидена е 3Д Журка, односно Дневна Детска Дискотека, во која најмалите ќе уживаат и ќе се забавуваат со добра музика, многу игри, награди и многу маскирани гости. Шаренолокоста на програмата е да понуди нешто за секој посетител. Како и претходно, Златни денови – Кратово, го задржува концептот на една балканска ѕвезда за секоја година, а овој пат организаторот е горд дека оваа година ќе имаме музичари кои имаат значително место на балканска музичка карта, а со посебна задоволство сме горди на концертниот настап кој оваа година ќе го има нашата и балканска музичка ѕвезда, Калиопи, која ќе настапи со својот бенд. Се очекуваат посетители од цела Македонија да ги исполнат улиците на градот уживајќи во одличната музика. Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.

Пред посетата на Кратово се препорачува посетителите навремено да обезбедат сместување бидејќи сместувачките капацитети се ограничени, а се очекува интересот да е значително поголем од минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e