Шумата околу Чернобил мистериозно исчезнала: Некој ги продава радиоактивните дрва!

Зоната околу напуштената електрана во меѓувреме стана голем предизвик за најразлични истражувачи од целиот свет, а за време на една од посетите на една таква украинска експедиција во градот Припјат, откриено е дека некој ја исекол шумата околу Чернобил.

Во зоната околу нуклеарниот реактор во Чернобил, кој експлодирал во 1986 година предизвикувајќи ја најголемата еколошка катастрофа во историјата, било забележано дека некој ги сечел многу оштетените стебла, пишува порталот „Viralnova”.

По нуклеарната катастрофа во која загинаа 31 личност и беше оштетена пошироката област околу самите реактори, украинската влада го прогласи реонот во радиус од 18 милји околу нуклеарката за забранета зона.

Зоната околу напуштената електрана во меѓувреме стана вистински предизвик за голем број на истражувачи од целиот свет, а за време на една од посетите на една таква украинска експедиција во градот Припјат, откриено е дека некој ја исекол шумата околу Чернобил.

Непосредно по експлозијата, огромна количина на радијација стигнала до луѓето, зградите, вегетацијата и животинскиот свет: т.н. Црвена шума во близина на електраната речиси веднаш се исушила, но во оддалечените предели некои дрва преживеале – а, потоа некој ги исекол.

„Кога отидовме таму првиот пат имаше шума, а сега веќе нема“, рекол Артур Калмиков, лидер на групата.

Тој стапил во контакт со надлежните за да дознае што се случило, уплашен дека радиоактивното дрво завршило како дел од нечија куќа.

„Снимивме и филм за илегалната сеча на шумата, но началникот на зоната околу електраната ни рече дека не знае кој го прави тоа“, навел Калмиков.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e