Помина ерата на селфи стапот, на ред е “селфи стапалото”!

После владеење од неколку години, селфи стаповите сега добија сериозна конкуренција од “SelfieFeet” – новиот начин за правење на беспрекорни селфи фотки.

Иако кога за прв пат го слушнавме ова име мислевме дека станува збор за шега, неговите креатори се многу сериозни, па овој производ веќе се наоѓа на пазарот по цена од 25 долари.

Станува збор за еластична лента со магнет која се поставува на стапалото, а која се управува со помош на далечински управувач преку “Bluetooth”.

Креаторите на овој изум велат дека сакале да понудат опција за правење на фотографии каде рацете би биле слободни, па прицврстувањето на паметниот телефон за стапалото им се видело како најлогично решение. Па, и зошто да не?

Покрај тоа, овој изум доаѓа токму во време кога селфи стаповите почнаа да стануваат забранети на многу историски места, музеи, ресторани, кафе барови….

За да видите како се користи, погледнете го објаснувањето во видеото подолу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e