Пијан Русин „влезе“ во продавница со оклопен транспортер

Пијан маж на северот на Русија удрил со оклопен транспортер во продавница и украл шише вино.

Инцидентот се сллучил во градот Апатити, кога маж на возраст од 20-тина години украл оклопен транспортер од локалната воена школа со цел да се повози низ градот.

Авантурата не траела долго, бидејќи „тенкистот“ удрил во излогот на една продавница, уништувајќи притоа и паркиран автомобил.

По судирот пијаниот маж излегол од транспортерот и од продавницата украл шише алкохол.

Полицијата го привела додека одел по улица со пијалокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e