Пет причини поради кои САД ќе ја изгуби својата следна војна, можеби веќе оваа година и тоа во Европа

Американските воени стратези предвидуваат дека војската на САД можеби ќе мора да влезе во отворен судир со растечкиот и моќен противник за пет години.

„Форбс” пишува дека под противник се подразбира модернизираната и силна Русија, чија војска го обезбедува подрачјето околу своите граници. Наспроти тоа што не постои ниду еден видлив доказ за наводен план за „руска инвазија на Балтикот”, „Форбс” наведува дека Русија ги мобилизирала своите сили на границите со балтичките земји но и со Украина, наведувајќи дека американските воени експерти погрешиле во проценките дека до судир може да дојде за пет години, туку смета дека во прашање се „пет години или помалку”.

– Вообичаено е странските сили да ја засилуваат својата агресивна политика кон САД (или обратно) по смена на администрацијата и доаѓање на нов претседател – наведува „Форбс”.

Ако дојде до таков судир (иако шансите за тоа се минимални) тоа би било воено шоу, но и рововска битка, бидејќи не би имало многу простор за некој брз продор и освојување на територии – смета угледниот весник.

Поразот во таква војна драстично би ја преобликувало геополитичката слика и балансот пред се во Европа и со тоа ќе го намали влијанието на САД во Европа. Исто така, угледот на НАТО алијансата и американската војска ќе биде намален. „Форбс” смета дека вакво сценарио и тоа како е можно, а како причина ја наведува „очајната надворешна политика на последните двајца американски претседатели Буш и Обама, како и агресивната, паметна и стрплива стратешка игра на Владимир Путин”.

– Буш ги повлече американските воени сили (бригади) од Европа пред крајот на својот мандат, додека Обама предложи основниот фокус да биде Пацификот, со што дополнително го проретчи американското присуство на тлото. Путин тоа го сфати како порака дека Вашингтон има други приоритети и лесно го зазема Крим во 2014 година – наведува „Форбс”.

Креаторите на американската политика се свесни за константното јакнење на Русија, но покажуваат мала подготвеност да направат било што по тоа прашање, смета весникот. Додека милијарди долари потрошени на авиони и носачи за авиони, кои се преполни со грешки, багови и дефекти, Русија во 2010 година усвои план на две петолетки: 10-годишна стратегија за јакнење на војската, чиј фокус е на купување и развивање на ново оружје за пешадијата и авијацијата. Тие 700 милијарди долари кои Кремељ ги подготви за оваа програма за сега се покажуваат како многу добро вложени пари.

„Форбс” смета дека во голем дел и поради тоа Америка е осудена на пораз во европската војна против Русија и наведува пет причини за тоа:

Географијата ја фаворизира Русија

Борбата на европско тло против моќниот непријател не е исто што и вежбање во шумите во Монтана, ниту војување крај бреговите на кои се наоѓаат американските разорувачи. Фронтот би бил далеку од влезните точки, поради кои распоредувањето на тешката артилерија и воената опрема би било многу покомплицирано. До копно може да се дојде само преку морските теснеци во кои Русија лесно може да покаже доминација од своите околни бази.

Најголемата концентрација на руската воена моќ е токму на границите, поради што Москва за само неколку часа може да покрене голема сила од неколку стотици илјади војници. Дури, Русите би ги оствариле своите воени цели пред американската војска воопшто да стигне до нив – наведува „Форбс”.

„Американската војска е жално неподготвена”

Американската војска има само уште две постојано стационирани бригади во Европа, лесна воздушна единица и друга која ги опфаќа оклопните возила „Страјкер”. Ако „Страјкерите” дополнително не се вооружат и многу брзо не се заштитат, руските сили би ги прегазиле, смета „Форбс”. Администрацијата на Обама на заминување се одлучи да прати уште 1.000 војници и да ги распореди во Полска и балтичките држави, заедно со останатите НАТО трупи. Меѓутоа, во борбите со талибанците во последните 15 години, на американската војска драстично и недостасува модерни ПВО возила и затоа не може да се мери со Русија – тврди магазинот.

Американските сили би биле расцепкани

Географските карактеристики на регионот би ја исклучиле американската морнарица од игра. Русите бази во балтичката ексклава Калињинград и црноморското пристаниште Севастопољ би биле ударни игли на руската војска, кога од таму ќе ги доведе во голема опасност американските бродови.

Во меѓувреме, американската авијација, најдобар пријател на војската во секоја војна, би се нашла во тешки маки благодарение на моќните против воздушни системи со кои располагаат Русите.

Поради тоа, американските ловци и бомбардери би биле веројатно отсечени од подрачјата на Украина, Полска и Балтикот. Бидејќи, S-400 има дострел од околу 400 километри (вкупно 150 системи распоредени се на стратешки точки ширум Русија, но и во Калињинград), како и моќен систем за заштита кој оневозможува попречување на радари. Единствен авион кој можеби би можел да „преживее” во такви услови е F-35 чие производство е одбележано со многу дефекти.

НАТО сојузниците не се доволно посветени

Кога и да доаѓа до споредба на НАТО и руската војска обично прво се спомнува огромната бројна предност за Алијансата, како во луѓе така и во опрема. Меѓутоа, далеку е од сигурно дека многу сојузници би се појавиле во битка во балтичките држави или во Украина (која притоа не е членка на НАТО). Ако на страна ги ставиме логистичките предизвици како самото допремање на војската, анкетите генерално покажуваат дека јавноста во западна Европа не е посебно волна да ги брани своите источни соседи. Покрај тоа, Членот 5 кој ги обврзува членките на Алијансата на колективна одбрана, всушност не подразбира исклучиво воен одговор на потенцијална агресија. Со Британија надвор од ЕУ, тешко може да се гарантира НАТО во полн состав.

Вашингтон не сака ескалација

Еден од начините кој американската војска би ја одвел до пораз е и одбивањето да нападен воени цели во самата Русија. Бидејќи, таква акција може да ја натера официјална Москва да ги оствари своите предупредувања за „принуденост за употреба на нуклеарно оружје”. Имено, руската воена доктрина одобрува употреба на нуклеарно оружје во околности кога се во ризик највисоките државни интереси, па дури и како средство за деескалација на ненуклеарна борба која излегува од контрола. Меѓутоа, бидејќи никој во НАТО алијансата не знае точно кога во потенцијален судир би ги загрозиле руските нуклеарни бази, целата стратегија на судирите би била ограничена, што на крај би довело до пораз.

– Заклучокот е следен: Русија лесно и брзо би можела да победи во потенцијална војна во источна Европа ако ривал и биде американската или на неа слична војска. Индикаторите како БДП и бројот на војниците кои наизглед демонстрираат слабост на Русија, во ваков потенцијален судир би играле многу мала улога, недоволна за победа, заклучува „Форбс”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e