Овие јавни личности од Македонија испратија пораки за поддршка на ЛГБТ+ луѓето

Во кампањата „Прав(д)а за сите“, која има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТ+ луѓето во македонското општество, но и да ги рефлектира можностите за борба и еманципација, се вклучија неколку јавни личности од различни сфери на општеството испраќајќи порака за поддршка.

Меѓу оние кои ја изразија својата поддршка за ЛГБТ+ заедницата, застанувајќи против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, се пејачката Кристина Арнаудова, професорката Беса Арифи, Ненад Стевовиќ од издавачката куќа „Или-Или“, Павле Богоевски, пратеник во Собранието на РМ и Маја Ставановиќ, драмска авторка и професорка.





queer.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e