Откриен нов човечки орган во дигестивниот систем

Тим истражувачи класифицираше нов орган во нашето тело, кој цело време се криел во дигестивниот систем. Иако од претходно беше позната структурата на овој нов орган, сепак неговата функција е сè уште непозната.

Токму понатамошните студии за цел ќе имаат подобро да ги разберат функциите на органот со што би се добиле сознанија за абдоминалните и дигестивните заболувања, пишува Science Alert.

Органот е познат како мезентериум,а доказите за неговата класификација се објавени во The Lancet Gastroenterology & Hepatology.

Во студијата се вели дека анатомскиот опис стар 100 години е погрешен за овој орган, со оглед на тоа што новите студии покажале дека станува збор за далеку покомплексен орган. Долго време се мислеше дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури, но последните истражувања покажуваат дека станува збор за еден целовит орган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e