Неколку работи поради кои комарците ве напаѓаат повеќе

Комарците се сериозна закана за здравјето на човекот, посебно бидејќи ова е ера на разџагорени климатски промени. Сепак, ние сеуште на нив гледаме како на досадни инсекти, а нивните напади често ги доживуваме доста лично. Колку и да се помали од нас, тие во оваа комбинација се предатори, а ние сме нивниот плен и нивна храна.

Натаму, овие девет работи се оние кои ве прават посебно посакуван плен и жртва на нивните напади:

– CO2

Комарците го намирисуваат својот плен така што го детектираат јаглеродниот диоксид. Затоа, таму каде што има поголема концентрација, претежно кај поголеми луѓе и бремени жени можат да се очекуваат силни напади.

– Ризична бременост

Директна последица е тоа што е докажано дека маларијата двојно почесто се пренесува на жени кои се бремени, отколку на оние кои не се.

– Физичка активност

За време на физичка активност, нашето тело во мускулите произведува млечна киселина која се излачува преку потта, која комарците ја доживуваат како ние што ја доживуваме највкусната храна.

– Пиење пиво

Потврдено е дека комарците се склони да ги напаѓаат луѓето кои пијат пиво. Можеби тоа е поврзано со јаглеродниот диоксид кој се ослободува преку меурчињата…

– Омилена група

Комарците сепак не се неконтролирани гладни ѕверови. Тие имаат префинет вкус, а најмногу ја сакаат крвната група нулта позитив (0+).

– Комбинација од гени

Доколку имате посебна комбинација на гени кои ги носите од своите родители, на комарците ќе им бидете посебно привлечни, а вашето тело ќе реагира бурно на местото каде што има убод.

– Бактерии

Сите ние живееме во симбиоза со микроорганизмите, не само во дигестивниот систем, туку и по површината на нашето тело. Докажано е дека луѓето со различни култури бактерии на кожата за комарците се помалку привлечни. Не е докажано дали нечистотијата барем малку допринесува во отпорноста на комарци, туку е докажано дека ефективно ги одбива комарците.

– На крајот, се покажало дека некои луѓе лачат соединенија кои се привлечни за комарците, додека некои лачат природни репеленти. Исто така, се чини дека жените на комарците им се попривлечни отколку мажите. Инаку, комарците поради кои се здобиваме со убоди се женки. Мажјаците се се хранат со крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e