На африканските слонови црно им се пишува

Она што им го направила природата на диносаурусите, сега им го прави човекот на африканските слонови.

За само 7 години исчезнале 30% од популацијата на африканските слонови, покажал попис на најголемите копнени цицачи во Африка, Great Elephant Census, финансиран од Пол Ален од Микрософт. Ако трендот продолжи со ова темпо, за 9 години ќе снема половина од слоновите во Африка.

„Истражувањето е спроведено во 18 земји. Проценето е дека на тоа подрачје живеат околу 350 илјади слонови“, изјавил д-р. Мајк Чејс, кој раководел со истражувањето.

Истражувачите ги броеле слоновите од авион, прелетувајќи околу 500.000 километри во период од две години. Ги броеле и живите слонови и лешевите од слонови. На подрачјето на Камерун биле регистрирани 8 мртви на 10 живи животни.

20160903-na-afrikanskite-slonovi-crno-im-se-pishuva-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Наспроти големата побарувачка за слонова коска, ловокрадците заработуваат само по неколку стотини долари од убиен слон, додека најголемите пари завршуваат во рацете на шверцерите од бандите. Секој жив слон би можел на локалните заедници да им донесе по околу милион долари приходи од туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e