Со минич му влегла на докторот во градската болница во Скопје – лошо поминала

Вчера наутро во лабораторијата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пациентка се обидела преку ред да влезе за да ѝ земат крв и ги вознемирила сите четириесеттина луѓе што чекале ред., пишува СДК.
Од шалтерот, пациентаката облечена во розови хулахопки и мини фунстан, се протна меѓу останатите пациенти кои уредно чекаа. Редот беше огромен бидејќи работеше само една од ординациите.

Кога се фати за вратата на ординацијата која, според шалтерските работници не работи, останатите ѝ забележаа  и почнаа да ѝ довикуваат да го запази редот. На тоа пациентката се сврте и луто им објасни дека сакала само да праша, влезе и ја затвори вратата. Но вратите се стаклени, па пациетнтите што чекаа преку стаклото забележаа дека таа се подготува да ѝ земат крв.

Тогаш, пациентка што чекала речиси еден час за да стигне на ред упадна во ординацијата.

„Нема да дозволам да ѝ земете крв и ќе стојам тука додека не излезе. Зар не гледате колкав е редот, што ќе се случи ако сите не го почитуваме?! “, му рече на лаборантот, а на пациентката која влезе преку ред ѝ рече „Му влезе со миничот преку ред, а луѓе на штаки чекаат. Е нема да дозволам во мое присуство такво нешто да се случи“.

Лаборантот се обиде да ја одбрани пациентката која влезе преку ред, но кога забележа дека и сите останати пациенти се доближија до вратата на сите им рече да излезат.

Излезе и пациентката што не внимава на редот и си седна на клупата пред ординацијата, а останатите уште неколку пати ѝ дофрилја дека треба да го почитува редот без оглед на мини фустанот.

За кусо време, пациенти почна да прима и лаборантот кој ја бранеше, но го запази редот па за половина час се расчисти метежот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e