ЛЕТУВАЊЕ ЗА 100 ЕВРА: Не верувате, но можно е !

Предсезоната е секогаш време кога се резервираат одмори ако сакате да поминете поевтино и имате плиток џеб.

Буџетите често ни се ограничени, но поради тоа не мора да останеме без море. Секогаш може да се најдат понуди со големи попусти и по ниски цени, а оние традиционално поволните, може да се најдат и од 59 евра.

Ако се прашувате каде се нудат ниски понуди еве и одговор.

Грција е број еден, но овие понуди воглавно се однесуваат на помалку атрактивните локации, апартмански смештај, и претсезона (значи во средината или крајот на мај, до средината на јуни, а не е исклучок ниту септември).

За десет ноќевања, и автобуски превоз, во коректни апартмански вили навистина за бројни понуди треба да се издвојат помалку од 100 евра, додека Црна Гора е најисплатлива со закуп на амартманско сместување со една или две звезди , со сопствен превоз.

Во местата како Сутоморе, Чањ, или Шушња, апартманите кои се идеални за две лица дури и во сезона може да се најдат за 25 евра, а пред сезона или во септември и за помалку. Така испаѓа да седум дена, по лице, може да чинат помалку од 90 евра.

И не заборавајте, сега е вистинско време за купување на аранжмани, а ако со себе водите деца, за нив има и гратис аранжмани.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e