Кинезите ќе го создадат најбрзиот суперкомпјутер на сите времиња

Кинезите работат на сoздавање на суперкомпјутери, а планираат до крајот на оваа година да креираат exascale прототип.

Кина сака да биде првата земја што креирала суперкомпјутер што ќе може да прави милијарди пресметувања во секунда. Суперкомпјутерот би се користел за обработка на масовни податоци.

Со ова достигнување би се надминал досегашниот првенец меѓу компјутерите – Sunway TaihuLight, што започна со работа во јули 2016 година. Кина стана компјутерска велесила кога почна во своите машини да користи локални чипови наместо производи од американските компании.

Жанг Тинг, инженер во Националниот суперкомпјутерски центар во Тианјин, истакнува дека овој суперкомпјутер и неговите апликации се очекуваат во 2020 година. Машината ќе биде 200-пати помоќна од првиот кинески петафлоп модел, Tianhe-1, од 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e