Кампања за борба против трговијата со луѓе на „Отворена порта“

Урнете ја призмата на оправдувањето и информирајте се за трговијата со луѓе

Колку и да изгледа неверојатно, трговијата со луѓе сè уште постои во модерното општество. И покрај сите напори за да се спречи таа е реалност во Република Македонија. Последните истражувања покажуваат дека бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната. Минатата година во Македонија 6 лица беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 до 150 лица. Најголемиот број од жртвите на трговијата со луѓе се жени и девојчиња. Сите жртви од минатата година се од женски пол, од кои 3 се малолетнички и 3 возрасни лица. 5 од жртвите се со македонско државјанство и само 1 е со странско државјанство. 5 од нив  биле сексуално злоставувани и 1 била присилена на брак.

За да ја подигнеме свеста и да ги охрабриме оние кои што се засегнати од овој проблем  Отворена порта (La Strada) организира кампања со која што ќе се обиде повторно да го актуелизира прашањето за трговија со луѓе.

Едномесечната кампањата ШТО ГЛЕДАШ? БИДИ НИВНИОТ ГЛАС! на Отворена порта е насочена кон севкупната јавност и има за цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните да побараат совет, информација и да пријават трговија со луѓе. Кампањата започнува со караван низ средни училишта од неколку градови низ Македонија како Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Штип, Гевгелија и финално во Скопје. Дополнително, различни превентивни активности ќе се спроведуваат на фреквентни локации и ќе се дистрибуираат превентивни материјали. Отворена Порта ќе повика личности од јавниот живот да се вклучат и да дадат своја поддршка на активностите.

Рајковска ги повика сите кои се соочиле со трговијата со луѓе да се јават на телефонскиот број: 0800 11 11 1

Следете ја кампањата и нејзините активности на Facebook:OpenGateMacedonia

#ШтоГледаш?

„Отворена Порта во 2002 година ја отвори првата и единствена, бесплатна СОС телефонска линија во државата, која е специјализирана за информирање, превенирање и интервенција во случаи на трговија со луѓе. На оваа линија обезбедено е совет, информација, заштита и упатување на вкупно 3114 лица кои се јавиле. Како единствен обезбедувач на помош за тргуваните лица, Отворена Порта преку програмата за социјална асистенција од 2005 година има обезбедено сместување, медицинска, правна и психосоцијална помош, вклучување во образование и стручно оспособување на 135 лица. “ истакна извршниот директор на Отворена порта, Јасмина Рајковска. Таа додаде дека организацијата спроведува холистички пристап во третирањето на овој проблем преку превенција и едукација, директна помош и поддршка и градење на политики и стратегии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e