Како загина 22 маринци од тимот кој го уби Бин Ладен?

Осама Бин Ладен беше убиен на 2. Мај 2011-та година, во неговиот дом во Пакистан од страна на Тимот 6 од американските „Фоки“.

Акцијата со која што беше неутрализиран еден од најопасните терористи, наречена „Нептуново копје“, била спремана скоро цела година од страна на ЦИА и „Фоките“, а извршувањето било брзо и ефикасно.

Бин Ладен бил убиен со еден куршум во градите и еден во главата, а неговото тело било исфрлено во море за да не може да се направи култ на личноста на неговиот гроб. Иако првично се појавија гласини дека тој го преживеал нападот, сепак четири дена по убиството, тоа беше потврдено и од самата Ал-Каеда.

Убиството на Бин Ладен предизвика големо медиумско внимание и беше една од темите за која што поранешниот американски претседател, Барак Обама постојано се фалеше.

Се би било добро, да три месеци по убиствтото на Бин Ладен, на 6. август истата, 2011-та година, не загинеа 22 припадици на единицата Тим 6 на „Фоките“.

Несреќата се случила во Авганистан, кога од ракета од рачен фрлач од руско производство не бил погоден воениот транспортен хеликоптер CH-47D. Во таа несреќа загинаа вкупно 38 луѓе од кои 22 биле „фоките“ припадници на Тим 6.

Според Мајкл Севиџ, татко на еден од настраданите, нападот на воениот хеликоптер било испланирано убиство и тој се смета за најупорен трагач по вистината.

„Тие се убиени, елиминирани. Не знам како поинаку би го опишал тоа. Најмногу ме интересира дали намерно се убиени или некој кретен во Министерството за одбрана направил грешка. Некој мора да одговара заради тоа“ вели Севиџ.

Слично размислува и Даг Хамбургер, исто така татко на еден од загинатите во трагедијата. Според него е несфатливо како може еден таков спор транспортен хеликоптер да слетува на само 100 метри од седиштето на талибанците.

„Тоа е навистина сигурна машина, но е трактор. Тимот 6 во лов на Бин Ладен леташе со специјално опремени хеликоптери „Црн сокол“ и со нив управуваа пилоти обучени за брзи и ниски летови. Во споредба, тоа се како спортски коли, кои екстремно брзо се движат и е речиси невозможно да бидат погодени со рачни фрлачи какви што имаа талибанците.“ смета Хамбургер.

Овие сомневања ги имаат и останатите семејства на загинатите кои не се согласуваат со официјалната истрага спроведена после трагедијата. Таа истрага ја водел Генералот Џефри Колт, кој ни заклучил ниту упатил накај виновник за смртта на војниците.

Припадниците на Тимот 6 на „Фоките“ се сметаат за најопасни помеѓу маринците. Единствено тие се обучени за справување со ситуации со нуклеарно оружје и имаат тесна соработка со ЦИА во посебно тајни воено-шпиунски операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e