Интернет за сите! ЕК бара бесплатен Wi-Fi на јавни места до 2020 и 5G-интернет до 2025

Во следните четири години Европската комисија сака јавните места да доаѓаат со бесплатен Wi-Fi интернет. Планот со јавноста го сподели претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Ова заедно со идејата барем еден град во секоја европска држава да има 5G-интернет до 2020 се две точки кои се однесуваат на информатичката технологија, на годишното обраќање на претседателот на комисијата.

„Поврзувањето е придобивка за сите, затоа комисијата предлага потполно распространување на 5Г, петтата генерација на мобилни комуникациски системи на територија на целата Европска Унија до 2025. Ова е огромен потенцијал за создавање на 2 милиони нови работни места во Унијата.“

Планот на Европската Унија е одличен, но експертите сметаат дека имплементацијата нема да помине без проблеми. Советот имаше сериозен проблем со одлагањата на имплементација на планот за укинување на роамингот на територијата на Унијата.

Проблем со реализација на дел од новите планови се финансиите. Г. Јункер објави дека за бесплатните Wi-Fi зони ќе бидат обезбедени 120 милиони евра, но ова и не е преголема сума за целосно имплементирање на ваков голем проект.

„Зоните со 5G-покриеност до 2020 и не се премногу амбициозни, стандардот нема да биде готов до 2018. Зборуваме за зони кои ќе бидат во области со густ сообраќај, пример Trafalgar Square.“, велатексперти за BBC.

До 2025 Европската унија предвидува и: 100Mbps Интернет до домаќинствата; 1GBps за болниците, административните објекти и јавните установи кои зависат од дигитална технологија; и непречен 5G пристап за сите патишта и железници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e