Инстаграм конечно ја направи оваа опција достапна за сите

Инстаграм конечно ја воведе опцијата за зачувување на фотографијата без да мора да ја објавите, како официјален дел од  апликацијата.

Оваа опција се тестираше во последните месец дена кај ограничен број на корисници, а сега е достапна за сите.

Со оваа опција ќе можете да го зачувате своето “уметничко дело” без да го објавите, за во случај доколку сакате подоцна да го “доработите”.

За да го зачувате нацртот, едноставно притиснете го копчето за враќање назад и апликацијата ќе ве праша дали сакате да ја зачувате фотографијата како нацрт.

Зачуваните фотографии на овој начин подоцна ќе се појават во делот на вашата фотогалерија, над сите останати фотографии.

instagram-drafts

Инстаграм исто така воведе опција за менаџирање на нацрт-фотографиите, каде можете да ги избришете фотографиите на кои не сакате повеќе да работите.

Иако ова е мала надоградба, сепак е многу корисна за голем дел од корисниците, затоа што претходно доколку работевте на одредена фотографија и сакавте да ја оставите за подоцна, ќе требаше да ја избришете и потоа да почнете од почеток.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e