(ФОТО + ВИДЕО) Небото повеќе не е граница: Дубаи дигна хотел висок 356 метри

Емиратот Дуабаи, е постојана потрага по рекорди, денеска го отвори највисокиот хотел на светот, висок 356 метри.

Хотелот „Гевора“ во големата Авенија на Шеикот Зајед, за еден метар е повисок од досега највисокиот хотел во истата улица.

Тој претходен хотел – рекордер, висок 355 метри, од ланецот „Мериот“ и самиот го урна рекордот во височина, кој го држеше друг хотел во тој квар. Тоа е хотелот „Роуз Рајхан“ од ланецот „Ротанa“, висок „само“ 333 метри.

Најновиот хотел „Гевора“ е кула со златна боја со 75 катови. Има четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала. Првите гости пристигнуваат утре.

Дубаи има и највисока кула на светот, „Бурџ Халифа“ од 838 метри. Властите започнаа со изградба на нова, уште повисока кула, чија висина ја чуваат во тајност, за да не ги претекне конкуренцијата.
1403015_24796793-1680430245341396-6381652037942818321-n_ff

Градот – држава Дубаи е една од главните туристички дестинации во заливот, а во 2017 година имаше рекорден број од 15,8 милиони туристи, 6,2 отсто повеќе од 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e