Физиотерапевтите на Вардар спасувале човек на летот кон Виена!

Вардарци имаа лет до Виена, од таму се упатуваат кон Полска, каде што утре ја почнуваат новата сезона од Лигата на шампионите против Висла Плоцк.

Веднаш по полетувањето некој патник колабрирал, по што веднаш на помош на екипажот на располагање се ставиле Маневски и Стојанов, пренесува МКД. Тие му ја дале потребната помош, успеале да го стабилизираат неговото здравје за тој да го издржи безбедното слетување.

Вардарците добиле аплауз и благодарност од екипажот и патниците, а по слетувањето патникот бил преземен од медицинската екипа на аеродромот во Виена. Вардаровата експедиција го продолжила патот кон Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e