Е ова ти се вика тајна полициска задача: 14 години глумел зависник и дилер

Детективот на британската полиција Нил Вудс цели 14 години бил на тајна задача што е веројатно рекорд во таа важна област од нашата безбедност, пишува лондонски Метро. Вудс имал за задача да се претставува како зависник од хероин и дилер на дрога, и да навлезе длабоко во порите на тој свет на островот. Со години тој ја играл играта и тоа во најопасните делови од подземјето на Велика Британија што претпоставувало и да биде постојано во опасност.

Во тие 14 години Нил Вудс се среќавал со невидена бруталност на криминалците и бандите кои го владееле илегалниот пазар на дрога. Како најопасен момент во задачата ги издвојува 15. минути во Нотингем кога еден од лидерите на позната банда му држел нож вперен во гениталиите со намера да го исече.

Нил Вудс жртвувал 14 години од својот живвот во бробата против криминалот, но не се колеба.

“Многу пати сум бил во ситуации во кои мислев дека тоа е крај и дека ќе умрам. Но, за среќа, јас сум се уште жив”, изјави Вудс.

Овој храбар детектив е татко на две деца, а пред 1993. година кога ја прифатил и започнал тајната задача, осум години работел како детектив.

“Ја играв улогата на “патувачки крадец”, затоа што тоа беше уверлива приказна за средбите со луѓето кои беа на највисок ранг во хиерархијата”, изјави Вудс.

И покрај тоа што морал строго да се придржува до својата улога на криминалец успеал да избегне употребата на дрога. Вели дека не се открил затоа што имал среќа да не влезе во ситуации што ги нарекува “глупави грешки”. Во својата извонредна безмалку филмска кариера, Вудс пред лицето на правдата донесе многу сторителите на кривични дела, кои потоа станаа затвореници со казни кои ја надминуваат бројката од илјада години.

Нил Вудс е пред пензија и страда од ПТСН синдромот, но вели дека се чувствува подобро од кога и да било. Во моментов работи како шеф на оддел во полицијата на Велика Британија и се залага за “целосна регулација на сите дроги”, по примерот на Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e