Добрата страна на тоа да се биде сингл

Нема причина за разочарување доколку немате дечко. Постои и добра страна на тоа да се биде сингл. Еве неколку причини кои ќе ви помогнат пак да се чувствувате одлично!

Одговорност

Најголемата и најдобрата причина зошто да се биде сингл е одлично е одговорноста. За каква одговорност станува збор? Баш така! Не постои никаква одговорност. Можете да излегувате каде сакате, кога сакате и со кого сакате. Вашето време е ваша грижа.

Пријатели

И без одговорност значи го имате сето време на светот за да се дружите со пријателите. Не постојат оние реченици „ти поминуваш повеќе време со пријателите отколку со мене” кои ве прават да се чувствувате виновни секој пат кога ќе излезете со пријателите да се забавувате.

Време за себе

Кога сте во врска или имате фамилија, имате тешка работа и многу пријатели, тогаш немате време за себе. Да се биде сингл ви дава можност да се ставите себе си на врвот на листата и да си посветите поголемо внимание.

Изговори

Една од причините зошто е супер да се биде сингл е дека нема да имате потреба од изговори како: ми се спие, ме боли глава, се прејадов, немам енергија да се помрднам од кревет и слично. Ако не сакате да го сторите тоа, тогаш нема потреба да чувствувате обврска за истото.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e