Девет години по случајот што го шокираше светот: Проговори полицаецот кој ја извлече ќерката од подрумот на Јозеф Фрицл

Приказната од австрискиот град Амштетен од 2008 година го потресе целиот свет. Тогаш беше откриено дека Јозеф Фрицл дури 24 години во подрумот на својата куќа ја држел во заложништво својата ќерка Елизабет. Таа цело време била малтретирана и силувана од својот монструозен татко, а за сите тие години му родила и шест деца.

Приказната излезе на виделина кога едно дете се разболело, па Фрицл од немајкаде го однел во болница. Таму лекарите утврдиле дека нешто е сомнително, пријавиле во полиција која подоцна го открила двојниот живот на монструмот Фрицл. Тој на експресното судење доби доживотен затвор и до крајот на животот ќе биде зад решетки, без друштво. Веднаш бил преместен во изолираниот дел од затворот каде што нема контакт со други затвореници.

Елизабет, со своите деца живее на тајна локација и никогаш ниту еден единствен збор нема изјавено за јавноста.

По двет години проговри Вилибранд Рајнер, полицаецот кој во април 2008 годна прв разговарал со Елизабет Фрицл откако првпат по 24 години излегла од катакомбите на татка си.

– Прво ништо не говореше. Само спомна дека никој нема да и верува што се случило – раскажува полицаецот.

Полицијата потоа ја сменила тактиката и и рекла дека таа можеби е жртва во целата приказна.

– Елизабет во замена за вистината пораба никогаш повеќе да не го види својот татко. Се разбира, желбата и беше исполнета. Никогаш повеќе не го спомна зборот „татко“ и постојано говореше „тој“. Беше смртно преплашена дека никој нема да и верува и дека сите ќе веруваат на верзијата на Јозеф – објаснува полицаецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e